×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците во Којнаре ќе газат по асфалт

    24.08.2010 14:15 | KumanovoNews

    Денеска започна асфалтирањето на улицата до средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ во селото Долно Којнаре.

    Учениците во Којнаре ќе газат по асфалт

    Станува збор за патот од мостот кај добиточниот пазар до училиштето, кој што жителите од населбата, учениците и наставниците го чекаат подолго од 70 години.

    Проектот за патот го изработи Ј.П.„Водовод“, кој има дозвола за градба,а работите ги изведува градежното претпријатие „Хуљуси комерц“. Патот е во должина од 700 метри со околу 4000 квадратни метри асфалтна површина. Проектот чини околу 4,5 милиони денари - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    За неколку дена се очекува патот да биде завршен, да се направи технички прием и на свечен начин да биде пуштен во употреба, пред почетокот на учебната година. Од реализацијата на проектот задоволен е и директорот на Горан Јовановиќ.

    Со децении го чекаме овој пат и многу значи за училиштето, бидејќи се решава еден голем инфраструктурен проблем - рече Јовановиќ.