×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученичкиот дом Професор Мијалковиќ во Куманово има 80 слободни места

    12.08.2010 14:07 | KumanovoNews

    Ученичкиот дом Професор Мијалковиќ во Куманово има капацитет за сместување на 120 ученици, а до сега по првиот уписен рок се имаат запишано 50 ученици.

    Ученичкиот дом Професор Мијалковиќ во Куманово има 80 слободни места

    Домот е уреден така за да можат учениците да се чувствуваат како во домашна атмосфера. Располагаме со библиотека, читална, интернет, ресторан, како и просторија за слободни активности. Најголем дел престојуваат ученици од соседните градови Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, како и од поодалечените кумановски села. На поголем одзив за упис во домот се надеваме по вториот уписен рок со што ќе го исполниме капацитетот - вели Слободанка Стојковска директорката на ученичкиот дом Професор Мијалковиќ.

    Во моментот се санираат недостатоците на објектот, се вршат мали интервенции на санитариите, варосување на просториите и набавка на нови постелнини со што домот се подготвува за прием на учениците пред стартот на учебната 2010-2011 година.

    За време на летниот распут работиме на уредување на собите и останатите простории во домот. Се врши обновување на инвентарот, дезинфекција и се она што е потребно просторот да биде чист, уреден, адаптиран и подготвен за прием на учениците - вели директорката Стојковска. 

    Ученичкиот дом во Куманово располага со стручна служба составена од социолог, педагог, психолог и воспитувачи, а оние што ќе се запишат во Професор Мијаловиќ ќе престојуваат од од први септември.