×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре почнуваат уписи за факултет

    16.08.2010 15:10 | KumanovoNews

    Матурантите со положена државна матура, утре и задутре, можат да конкурираат за запишување на некој од петте државни универзитети. 

    Утре почнуваат уписи за факултет

    Има вкупно 27.046 слободни места за прва година а од нив, 16.089 се за редовни студенти во државна квота, 7.305 за редовни со кофинансирање и 3.652 места за вонредни студенти. На универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има околу 12.000 слободни места, истиот универзитет во Битола ќе прими околу 4.300 студенти а на Државниот универзитет - Тетово се очекува да се запишат околу 4.500. На Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ околу 6.000 студенти ќе имаат можност да запишат високо образование, а на Универзитет за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“ во Охрид слободни се 300 места. Партиципацијата за студирање на државните универзитети годинава е значително намалена. За студии со кофинансирање треба да се платат 400 евра, наместо 1.200 евра од минатите години. Оние кои веќе студираат во квотата со кофинансирање ќе плаќаат по стариот ценовник и според договорот што го потпишале при запишувањето. Државната квота ќе чини 200 евра годишно за сите факултети, а за дисперзираните студии во редовната квота е 100 евра. Вториот уписен рок е на 2 и 3 септември, а онаму каде што ќе останат места, на 16 септември, ќе има и трет рок. Според условите утврдени во конкурсот, кандидатите може да освојат најмногу сто поени – од кои максимални 60 од општиот успех по сите предмети и 40 од успехот на државната матура. 

    Во рамки на новиот „Проект 45“ на МОН со кој се отворени 1.570 места, се очекува да има голема заинтересираност на конкурсот за високо образование на возрасни лица (за жени над 35 и за мажи над 45 години). За таа категорија студенти има слободни места на некои факултети, а цената на овие студии е 200 евра и запишување без приемен испит. На Скопскиот универзитет возрасните студенти ќе се запишуваат на 6 и 7 септември.