Вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лицата помлади од 60 години, кажа Филипче

31.03.2021 - 09:26

Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцината на „Астра Зенека“ нема да се дава на лицата помлади од 60 години, откако Канада и Германија ја суспендираа употребата на оваа вакцина.

Вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лицата помлади од 60 години, кажа Филипче

„Денеска има нови ставови во Канада и Германија кои укажуваат дека таа вакцина нема да се дава на лицата под 60 години. После тоа ние разговаравме и заземавме став, а утре тоа и ќе го официјализираме. Почнуваме со постарата група на граѓани кај кои вакви несакани ефекти со тромбоза не се јавиле. Ќе почекаме и ќе испратиме писмо до Европската агенција за лекови (ЕМА) да ни одговорат дали и каков став ќе заземат во однос на оваа вакцина. Ќе ги примениме препораките на овие две земји додека не се потврди поинаку. По извештаите на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека“ лица кои се помлади од 60 години. Ние секако утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст на 77 години“, рече Филипче во емисија на ТВ21.

Денеска,  во земјава започнува имунизацијата против ковид-19 со вакцината „АстраЗенека“, за граѓаните постари од 77 години.



2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk