×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велигденски концерт во „Св.Никола„

    31.03.2010 08:15 | KumanovoNews

    Во црквата „Свети Никола“ вечерва Велигденски концерт ќе одржи камерниот мешан хор Св.„Климент Охридски“, при Соборниот храм од Скопје. 

    Велигденски концерт во „Св.Никола„

     На концертот ќе учествуваат солистите Олгица Милевска сопран, Ивана Здравковска сопран, Невен Силјановски баритон, Бранислав Поп Георгиевски бас, Александара Лазаровска - Василевски сопран, Кирју Лијаковски баритон, предводени од уметничкиот раководител и диригент Панче Јосифов. На програмата покрај црковното пеење ќе се најдат делата на Мокрањац, Бадев, Рахманинов, Зогравски, Христов и други. Велигденскиот концерт го организира Советот на Општината, под покровителство на градоначалникот.

    Почетокот е закажан во 19.30 часот.