×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велики четврток, пазарен ден пред Велигден

    01.04.2010 14:25 | KumanovoNews

    Денеска е Велики четврток, ден кога православните христијани започнуваат со подготовките за претстојниот празник Велигден. Насекаде можеше да се забележи поголема раздвиженост на граѓаните, а поготово на Зелениот пазар.

    Велики четврток, пазарен ден пред Велигден

    Граѓаните го користата пазарниот ден да ги набават потребните намирници за подготовка на традиционалната велигденска трпеза. Најбаран производ беа јајцата без кои неможе да се замисли Велигден, кои се продаваа за цена од 170 до 250 денари за табла. Овошјето и зеленчукот исто така имаа повисоки цени, купувачите немаа избор и ги купат најнеопходните производи.

    Нашите пазарџии секогаш пред Велигден ги зголемуваат цените. Но колку можеме толку ќе купиме. Гледате ли дека нема многу гужва, народот нема пари -вели една повозрасна жена.

    Велики четрврток е денот кога Исус Христос се вратил од Ерусалим со своите ученици и кога била одржана Тајната вечера,всушност последната вечера на Исус.