×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велики петок

    02.04.2010 07:44 | KumanovoNews

     Во сите храмови на православните цркви во светот денеска се одбележува Велики петок или Распети петок, Ден кога Исус Христос бил фатен, мачен и распнат на крст.

    Велики петок

     Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.

    Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста на Христовото воскресение.

    Со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота каде е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: „Оче, прости им зашто не знаат што прават“.

    Времето на смртта и симнувањето на телото Господово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовотo погребување придружено со звуци на тропала.

    Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

    Правoславниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

    Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. Обичај е на тој ден да се вапцуваат велигденските јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос.

    Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

    Веста за воскресението в сабота на полноќ ќе ја објават свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква во земјава и во странство.