×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт троши народни пари по елитни хотели

    05.05.2010 13:05 | KumanovoNews

     Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја обвини локалната власт за расипничко трошење на парите од Буџетот на Општината и за донесување на одлуки на советот кои не се во интерес на граѓаните и во согласност со изборните ветувања на градоначалникот и СДСМ.

    ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт троши народни пари по елитни хотели

     Факт е дека во првите три месеци од годината средствата кои се предвидени за капитални проекти, пред се објекти од јавен интерес за граѓаните и градот во буџетот се реализирани со само 7 одсто. Ако се продолжи со оваа динамика до крајот на годината не треба да очекуваат ни еден од толку ветуваните капитални проекти. Се поставува прашањето дали оваа е последица на се почестите службени патувања на градоначалникот?  Во ставката за патни и дневни расходи на Совет на Општина Куманово, тажно е да се констатира дека се потрошени дури 40 одсто, од средствата предвидени за 2010 година. Сите овие средства се трошоци за таканаречени предновогодишни “студиски патувања“ на советниците на СДСМ и нивните коалициони партнери и дел од општинската администрација во елитни хотели и СПА центри во Банско во Бугарија. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија се откажа од ова патување несакајќи да ги троши парите на граѓаните - рече претседателот Бобан Николовски.

    Од партијата реагираат и на  одлуката за паркинг услугите во градот и сметаат дека 30 денари на час е енормно висока цена  што ќе претставува огромно оптоварување на буџетот на граѓаните.

    ВМРО ДПМНЕ излезе со свој предлог за цени пониски за 50% , но за жал предлогот беше отфрлен од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери. Дали ова значи дека секој од вработените кумановчани за да го паркира своето возило во центарот на градот, за своето 8 часовно работно време ке треба да издвои 240,00 ден. на ден - праша Николовски.