Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ловџијата Влатко Пешевски (25) од Крива Паланка вчера во 11 часот смртно настрадал за време на лов на дивеч во местото викано Лештарци во селтото Кркља, Кривопалнечко.
За убиството е осомничен неговиот вујко со кого биле заедно на лов.
Според очевидци немилиот настан се случил кога ловџиите се разделиле за
да застрелаат дива свиња. Тогаш вујкото на Пешевски наместо во дивечот,
ненамерно пукнал во својот внук и со три куршуми смрно го ранил.
Увид на лице место извршиле полициски и судски екипи од Куманово.
Околностите под кои се случила несреќата допрва ќе бидат утврдени.