Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матичното одделение во Куманово три месеци не работи за викендите, и се венчава само во работните денови. Новото работно време е воведено од почетокот на годината кога Матичното преминало во Министерството за правда и со тоа на матичарите им се укинал намоместот за прекувремената работа,а добиле право сами да одлучат кога ќе ја закажат венчавката на идните сопружници.
- Се венчавме денеска,а свадба ќе правиме за две недели. Кога дојдовме да закажеме, бевме непријатно изненадени што потпишувањето во Матично неможе да биде на денот кога ќе ни биде свадбата. Немаме друг избор и ги викнавме кумот и старосватот. Мене ми е полесно, јас и денеска сум во костум, но сопругата многу жали што не е во невестински фустан на овој свечен чин - велат младеднците што се венчаа во петок попладне.
Засегнатите граѓани се пожалиле во Локалната самоупрва Куманово и побарале да интервенираат Матичното да се отвори за викендите.Од Општината пратиле допис до надлежната служба и чекаат одговор.
"Ги повикувам надлежните во Министерството за правда да најдеме разумно решение за граѓаните, бидејќи церемонија на венчавка треба да биде во викенд, во свечен ден, дента кога е и прославата на бракот"-вели Дамјановски.
Од септември минатата година при склучување брак не е задолжително ниту присуството на советник од Советот на Општината.Градоначалникот Дамјановски смета дека и оваа измена е нелогична, бидејќи токму присуството на советникот е синоним за свеченост на церемонијата, а тие се расположени да присуствуваат на венчавките за време на викендите.
Матична служба во Куманово ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане со околу 150 000 жители, а на годишно ниво има близу 900 венчавки. Со новиот начин на функционирање на службата, младенците што се венчаваат се изложени на дополнителни трошоци.