Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството денеска одржа средба со претставниците на месните заедници од руралните средини.Годишниот состанок беше искористен земјоделците да се запознаат за можностите за користење на средствата од ИПАРД фондовите.
Во следните 60 дена,односно до 23 февруари земјоделците ќе може да аплицираат за користење на средствата, доколку понудат издржани проекти - вели Живка Наумова, раководител на Агенцијата.
Годинава, низ подрачната единица поминале 4000 земјоделци кои поднесувале документи за субвенционирање, а осум земјоделци добиле средства од од програмата за рурален развој. Агенцијата организирала и повеќе семинари за обука на повеќе теми.