×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во вторник започнува тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“

    12.07.2019 14:25 | KumanovoNews

    Над 400 играорци од земјава и странство ќе учествуваат на првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, што го организира КУД „Панче Пешев“, по повод 500 години Куманово.

    Во вторник започнува тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“

    Фестивалот ќе започне во вторник 16 јули, а ќе трае три дена до 18 јули, исполнети со игра и песна на Градскиот плоштад во Куманово.

    „Желбата ни беше минатогодишната ревија да ја направиме фестивал. Подготовките ги започнавме веднаш и успеавме во намерата. Ќе учествуваат 12 реномирани ансамбли од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Колумбија и Македонија. Настап ќе има и нашиот национален ансамбл „Танец“. Ги повикуваме граѓаните масовно да дојдат и да уживаат во една богата фолклорна фешта. Со оваа организација ќе докажеме дека Куманово заслужува да има еден ваков фестивал, бидејќи има богата традиција во негувањето на фолклорот, но и да донесема нешто од надвор за нашите граѓани. Ова нека биде почеток на едeн меѓународна манифестација, која секоја година граѓаните со задовоство ќе сакаат да ја видат “,- изјави Мирче Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

    На првиот Меѓународен фолклорен фестивал учество ќе земат ансамбл „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ - Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ - Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ - Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ - Белград.

    Отварањето е закажано во вторник во 19.30 часот, а предходно од 18 часот, ќе се одржи дефиле низ кумановските улици. Втората вечер настапи ќе имаат странските групи. Затворањето на фестивалот е во четврток со едночасовен концерт на ансамблот „Танец“.

    Учесниците ќе засадат дрво на плоштадот, во чест на првиот фестивал. Организаторите се надеваат дека фестивалот во наредните години ќе трае повеќе од три дена и ќе прерасне во вистински бренд на Куманово, кој ќе се вбројува во најпрестижните светски фестивали.

    Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.