×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во земјоделското училиште во Липково уште нема настава

    27.09.2010 14:36 | KumanovoNews

    Откако просветната инспекција забрани да се изведува настава во училиштето поради немање на хигиенско-технички услови сеуште нема препорака од  Министерството за образование како ќе се решава проблемот.

    Во земјоделското училиште во Липково уште нема настава

     Прекинат е наставниот процес во паралелките на албански јазик во земјоделското училиште „Киро Бурназ„ во селото Липково. Откако просветната инспекција забрани да се изведува настава во училиштето поради немање на хигиенско-технички услови сеуште нема препорака од  Министерството за образование како ќе се решава проблемот.

    Од четврток немаме никави информации од министерството што ќе преземат, ниту доаѓаат ниту се јавуваат на телефон. Моментно сме статус кво и децата седат дома, а наставниците доаѓаат на работа- велат од училиштето.

    Училниците каде треба да учат средношколците немаат под, а таванот протекува. Зградата е стара над 60 години, а порано била основно училиште. Пред неколку години во неа се вселиле пет паралелки со ученици од земјоделското училиште на албански јазик.