×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вонредна крводарителска акција во Куманово

    17.08.2010 13:03 | KumanovoNews

    Општинскиот Црвен крст од Куманово денеска со почеток од 10 до 17 часот во просториите на Центарот за култура Трајко Прокопиев организира  вонредна крводарителска акција.

    Вонредна крводарителска акција во Куманово

    Од пред неколку години крводарителската акција ја нарековме вонредна бидејќи не стои никој позади неа, но бидејќи неколку гонини наназад успешно ја спроведуваме излезе дека не сеработи за вонредни, туку за редовни летни акции од помасовен карактер. Во летнот период има поголема потреба од ваквите акции, зошто луѓето се многу поактивни и  се случуваат повеќе повреди.Очекуваме масовен одзив на граѓаните,досега сме задоволни од одзивот на граѓаните за неполни три часа имаме дарувано над триесетина крвни единици, но еве јавно ги поканувам сите хумани луѓе кои сакаат и можат да дадат крв да ни се приклучат. Сите крводарители што ќе учествуваат во акцијата ќе замината на еднодневна екскурзија во Дојран на 22 август што за крводарителите се организира трета година по ред - рече Иле Митковски секретар на општинската организација.

    Ова лето Општинскиот Црвен крст спроведе уште една акција каде што имаше масовен одзив на граѓаните и имаше над сто дарувања крв.