×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Втор уписен рок во средните училишта

    19.08.2010 06:37 | KumanovoNews

     Во четирите средни училишта во Куманово, полуматурантите ќе можат да конкурираат за преостанатите слободни места во 76 паралелки на македонски, албански и српски јазик.

    Втор уписен рок во средните училишта

     Пријавувањето во вториот уписен рок за средните училишта започнува денеска.

    Во четирите средни училишта во Куманово, полуматурантите ќе можат да конкурираат за преостанатите слободни места во 76 паралелки на македонски, албански и српски јазик. Во Куманово  1453 осмооделенци го завршија основното образование, а во првиот уписен рок во средни училишта имаше вкупно 2544 слободни места.

    Според информациите на Министерството за образование, слободни места има за вкупно за 15.332 ученици во државата.

    Во Република Македонија учебната 2009/2010 година ја завршија вкупно 26.105 осмооделеници.

    Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел обезбедени се доволен број на слободни места, вкупно 35. 918 ученички места, во сите јавни средни училишта во Република Македонија.