×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За нововработени 3 години нема да се плаќа персонален данок

    06.04.2010 08:34 | KumanovoNews

     Работодавачите кои во 2010 година ќе ангажираат невработено лице на неопределено време, кое е евидентирано во Агенцијата за вработување, најмалку една година, ќе бидат ослободени од пресметување и плаќање на 10% персонален данок на доход, по основ на плата за ова лице, во следните 3 години.

    За нововработени 3 години нема да се плаќа персонален данок

     Ова се должи на Даночните бенефити за вработување  кои ги обезбедува државата за невработените лица и за граѓаните кои за прв пат отвораат бизнис.

    Работодавач кој на пример, има вработено 5 лица на неопределено работно време, но поради зголемениот обем на работа вработува уште 2 лица на неопределено време, кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување повеќе од една година, ќе може да го користи ослободувањето за персоналниот данок на доход од плата за 2-те лица во следните три години. –се вели во соопштението на Управата за јавни приходи.

    Граѓанините кои за прв пат основаат трговско друштво - трговец поединец или отпочнуваат со вршење на дејност како самостоен вршител на дејност во согласност со закон, може да користат даночно ослободување од персоналниот данок на доход во следните три години доколку претходно не биле регистрирани за вршење на таа дејност во Централниот регистар.

    За постапката за издавање на потврда за ослободување од персоналниот данок на доход сите заинтересирани лица ќе може да се  информираат во Агенцијата за вработување, каде се поднесува барањето за користење на даночниот бенефит.