05.
12.
2020 15:58
Загина 25-годишно момче во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје

Дваесет и петгодишно момче загина, а уште три лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје.
Сообраќајката се случила синоќа во 23.30 часот кај с.Агино Село, кога патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Агино Село, излетало од патот.
По незгодата, возачот и сопатниците биле пренесени Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде кај
С.Т. била констатирана смрт, а кај сопатниците Ж.Ѓ. Ф.Д. и Б.А., биле констатирани телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.