×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна одбележувањето на Детската недела

    04.10.2010 14:45 | KumanovoNews

     Годинава мотото на детската недела е " Детето е сонце околу кое се врти се" и по тој повод во градинските и училиштата се реализираат бројни активности.

    Започна одбележувањето на Детската недела

     Здружението за грижи и воспитување на деца се вклучи во одбележувањето на Детската недела која се одбележува секоја прва недела во месецот октомври. Годинава мотото на детската недела е " Детето е сонце околу кое се врти се" и по тој повод во градинските и училиштата се реализираат бројни активности. Првачиња  од повеќе основни училишта беа на прием кај градоначалникот  и преку нивните нивни ликовни творби и песнички, упатија пораки како би сакале да изгледа нивниот град.

    "Ние како држава членка на ОН , традиционално ја славиме неделата на детето.Во Општината Куманово не очекуваат повеќе активности во училиштата како што се спотрски натпревари, шаховски туринири, поетски читања, игри без граници и секојдневни содржини за најмалите во градинките.Истотака во во сите основни  училишта во општината  се одржат трибини и предавање за децата,нивната грижа, воспитување и образование.Неделата на детето во Куманово ја заокружуваме со свечениот прием на првачињата во петок на 8-ми октомври , кога ќе им бидат поделени беџеви , а за прв пат ќе им доделиме и детски пасош кој е новина од оваа година- вели претседателката на Здружението за грижи и воспитување на децата Виолета Стошевска.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски на денешната средба учениците ги  информираше дека  во тек се неколку проекти за подобрување на условите за игра и рекреација на децата, а најави и нови проекти за младите во Општината.

    Посебна грижа во Општината обрнуваме на младите, пред се децата. Во наредниот период според нашата агенда ќе работиме на изградба на неколу спорски објекти во училиштата. Посебно внимание ќе биде посветено на подобрување на инфраструктурните услови во градските и приградските наслби со што ќе заокружиме еден поголем проект за модернизирање на овие делови на Куманово, каде според нашата статистика имаме голем број ученици" - рече градоначалникот Дамјановски.

    Една од активностите во рамките на Детската недела  во Развогорче децата цртаа на плочникот пред градинката, додека од поголемата група рецитираа песнички посветени на детето.