×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените на СДСМ за 8 март ќе протестираат

    05.03.2010 13:55 | KumanovoNews

    Жените членки на СДСМ од Куманово, по повод Денот на жената, 8 март во недела ќе организираат протестен марш. Протестот ќе започне во 11.55 часот на Градскиот плоштад, а потоа ќе продолжи по улиците во централното градско подрачје.

    Жените на СДСМ за 8 март ќе протестираат

    Жените на СДСМ решија овој 8 март да го прослават на поинаков начин. Ја користам оваа можност да ги повикам сите жени да ни се приклучат, бидејќи имаме политика на уназадување на женските права, на враќање кон патријархатот и традицијата. Секојдневно се соочуваме со губење со по некое право на жената. Правото на родовата рамноправност е маргинализирано и изолирано прашање. Како жени гласно протестираме и бараме да престане уназадувањето и кршењето на нашите основни права. Се боревме 100 години за четири години не вративте сто чекори назад- изјави Драгица Велковска, координаторка на Клуб на жени на СДСМ.

     Таа најави дека СДСМ ќе ги искористи сите механизми во Собранието, преку институциите на системот да го вратат достоинството на жената.