×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Бавчи„ добија вода

    29.03.2010 14:36 | KumanovoNews

    Жителите од населбата "Бавчи" од денeска повторно се приклучени на градската водоводна мрежа, откако 15 дена немаа вода, поради неплатени сметки.

    Жителите на „Бавчи„ добија вода

     ЈП "Водовод" го нормализира водоснабдувањето, по потпишување на договорот помеѓу директорот, градоначалникот и претставници од месната заедница, со кој жителите се обврзуваат дека заостанатиот долг ќе го платат и ќе ги легализираат приклучоците што досега не биле пријавени.


    " Се договоривме сите диви приклучоци да се легализираат во одреден период, а заостанатите сметки да ги плаќаат на рати. На овој начин ќе се овозможи и јавното претпријатие да ги намали своите побарувања кон граѓаните и да овозможиме легални приклучоци. Ромите од Куманово на овој начин покажуваат дека се лојални граѓани на општината и ги почитуваат сите законски обврски. Оваа соработка се реализира со посредство на претставниците на ромската заедница и нивниот советник "- рече градоначалникот,Зоран Дамјановски.