×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Питу Гули“ бараат широка улица

    27.09.2010 14:28 | KumanovoNews

    Жителите од улицата „Питу Гули“ обвинуваат дека нивни соседи узурпирале дел од улицата и сега наместо 8,5 метри, како што е предвидено со деталниот урбанистички план на поедини места таа се гради само на 5,5 метри.

    Жителите на „Питу Гули“ бараат широка улица

    Најголем проблем за граѓаните претставува почетокот на улицата, каде нивен сосед поставил ограда и скусил 3 метри со што раскрсницата ја направил небезбедна. Тоа е неприфатливо за нив и затоа бараат да се стопира изградбата се додека не се реши проблемот.

    Според планот улицата минува до самиот кош на куќата, но тој постави ограда и сега вели дека никој ништо не му може бидејќи планира да го купи половина од улицата. Почна реконструкција на улицата, а никој од наделжните не сака да го санкационира. Во локалната самоуправа ни велат дека ги немаат документите и се прават наглуви и незаинтерсирани за целиот случај. Дефинитивно зад ова работа стојат повеќе луѓе, кои брзаат да се стави асфалтот, а потоа тоа што ќе остане, општинскиот имот да се спои со дворот - вели Александра Гоцевска.

    Граѓаните кажуваат дека оперативниот план не се совпаѓа со деталниот урбанистички план, бидејќи е направена корекција во интерс на поединци и улицата ќе остане без тротоар.Тие имаат забелешки и на  фекалната канализација, која сеуште не била технички предадена, а веќе се појавиле проблеми со поплавување.

    Од локалната самоуправа рекоа дека градежните работи на „Питу Гули“ се сопрени се додека не се разгледа случајот и најде соодветно решение.