×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНМ доби нов Статут

    24.09.2010 09:05 | KumanovoNews

     На годишното Собрание на Здружението на новинарите на Македонија, делегатите го изгласаа новиот Статут и  извештајот за четири годишното работење и финансискиот извештај.

    ЗНМ доби нов Статут

     На Собранието имаше плодна дискусија во врска со предлог Статутот на Здружението и беа направени неколку технички измени во неговиот текст, во делот за изборот на координаторот на Регионалниот центар, како и за периодот за зачленување на нови членови, пред изборното Собрание.

    Делегатите на Собранието побараа Управниот одбор само да го верификува Координаторот избран од членовите од соодветниот регион, а не како што беше пределожено да избира помеѓу двајца кандидати.  Исто така, беше прифатено да се додадат Регионалните центри како „органи на ЗНМ“.  

     За потребите на свикувањето и одржувањето на Изборното собрание на 20 ноември, по еднократен исклучок од предвиденото во актите на ЗНМ, се утврдува можноста за зачленување во ЗНМ заклучно со 10 денови пред одржувањето и на денот на самото одржување на Собранието во времето предвидено за регистрација на присуство.

    Лицата кои сакаат да се зачленат треба да ја поднесат потребната документација предвидена во Правилникот за членство.

    Потврдувањето на исполнувањето на условите за прием во членство, на денот на одржувањето на Собранието го врши тричлена Комисија, со еднократен мандатсогласно овој член на Статутот,  формирана од страна на Претседателот на ЗНМ.“

     По ова, Статутот и Правилниците биле едногласно изгласани од страна на делегатите на Здружението на новинарите на Македонија.

    На годишното Собрание присуствуваа и делагати од Регионалниот центар Куманово.