Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пишува Ване Трајков
Во написот ,, Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори.
Без ниту еден извор, изјава или став, авторот на текстот користи само фотографии и констатации а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот Николовски и кандидат за пратеник. Иако во текстот тврди дека станува збор за ,,парадоија во британски стил’’ сепак новинарот не смее да дава погрешна слика кај читателите и да ги извртува фактите. Прашање е колкав дел од читателите воопшто ќе дојдат до делот каде се објаснува ,,дека станува збор за пародија”.
Имено станува збор за Фејсбук статус на екс министерот Љупчо Николовски кој патем е и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 од коалицијата ,,Можеме’’. Во рамките на предизборната кампања тој бил во посета и остварил средби со граѓаните на општина Чешиново –Облешево каде ја презентирал изборната програма, но никаде не споменува таква изјава како што е прикажана во текстот кој е предмет на рецензија.
,, Ме радуваат оптимизмот и вербата на граѓаните во Чешиново Облешево. Бев на пазарот, сретнав трговци, купувачи, ненамерни минувачи. Велат треба уште да се работи, ни треба подобар стандард, но далеку е подобро од тоа што беше пред три години. Не може ни да се спореди ’’ напиша Николовски на Фејсбук каде постирал и повеќе фотографии
Со вака објавениот текст полн со непоткрепени констатации, направен е обид да се постави погрешна слика за предизборните активности на кандидат за пратеник, што е спротивно од Кодексот на новинари. Не само што не е објавена точна и проверена информација, туку не е негувана културата на говорот, ниту пак етиката, еден од постулатите на новинарскиот кодекс.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар