Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пишува: Билјана Т. Димко
На порталите „Курир“ и „Република“ на 27.06.2020 се објавени вести со идентични наслови на тесктови со иста содржина: „Драматичен број на новозаразени и починати лица за само 24 часа – Филипче уверува дека здравствениот систем е во одлична кондиција“.
Двата текста ја објавуваат дневната стистика на Министерството за здравство со бројките на заболени, оздравени и починати лица во едно деноноќие од Ковид 19.
Пред два дена, пак, на заедничка прес конференција со министерот за здравство Венко Филипче, Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО за Европа, изјави:
Оваа моја посета се случи токму навреме. Вирусот нема наскоро да си замине. Брзо се шири и треба да направиме сѐ што е потребно и да бидеме пред вирусот. Целта на мојата посета е ми е да се запознам со епидемијата и ефектите од мерките што се презмеаат тука. Овие три дена имав интензивни средби со одговорни лица. Моето главно согледување е дека гледам сериозни, агилни на навремени мерки преземени од властите. Импресиониран сум од реакцијата на здравствените работници. Ова зголемување на бројот на пациентите може да се менаџира. Власта и граѓаните треба да си помогнат едни на други. Северна Македонија може да се врати на таа позиција од почетокот на кризата. Треба да бидеме пред вирусот, а не да каскаме позади него. Целото општество треба да биде дел од овие напори. Само преку прекинување на ланецот на пренесување може да се справиме со ковид-19.
Пред неколку дена рецензиравме слични објави со непотпишани автори на текстови, кои тенденциозно пласираат негативни коментари во насловите под кои се објавени дневни извештаи од министерството за здравство за состојбата со Ковид 19.
За жал, таа пракса продолжува и понатаму, кршејќи го членот 8 од Кодексот на новинарите на Македонија:
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.