×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Субјективно и емоционално коментирање во новинарски прилог

    30.06.2020 20:58 | KumanovoNews

    Пишува: Билјана Т. Димко

    На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 27.06.2020 беше објавен прилог: Прогонот врз Душко – млекарот кулминира со семејна драма https://alfa.mk/progonot-vrz-dushko-mlekarot-kulminira-so-semejna-drama/.

    Субјективно и емоционално коментирање во новинарски прилог

    Предмет на оваа рецензија е необјективното коментаторско драматично однесување на новинарот на прилогот.
    Подолу е цитирана клучната информација од овој прилог, и не содржи ништо драматично и семејно.

    Битолчанецот Душко Млекарот, кој неколку години преку социјалните мрежи објавуваше материјали за незаконското работење на актуелната власт и кој, поради закани од поединци, како што велеше, бил принуден со семејството да побара азил во Германија, сега таму веќе е во екстрадициски притвор. Ова е последица на распишаната потерница од Основниот суд во Битола во март годинава, а поради две правосилни пресуди како учесник во “Шарената револуција“- едната од една година за учество во толпа, а другата од една и пол година, за наводен напад врз службено лице. Го осудија без да има можност да се брани и како што ни рече пред неколку месеци – „претходните само ме гонеа, ама овие ме осудија“.

    Подоцна во прилогот новинарот емоционално коментира:

    Неверување, страв и тага владее на улица “Коста Абрашевиќ“ бр. 39 во Битола. Родителите на Душко Млекарот, силно потресени и со голема тага го очекуваат исходот од она што ќе се случува во Германија со екстрадицискиот притвор.
    Мајката Лиле и таткотоТоме нè пречекаа видно вознемирени, истрошени и столчени од моќната тупаница на власта, во која Дуле Млекарот со години се колнеше, а на крај, само зашто јавно ги критикуваше, му се намерачија да го донесат во македонските затвори.

    Во прилогот, родителите на Илиевски се потресени поради новонастанатата ситуација. Мајката на Илиевски вели дека Илиевски е во притвор поради СДСМ, но ни таткото ни мајката не кажуваат дека директно врз нив е направен напад од „моќната тупаница на власта“, освен ако авторот сакал метафорично да ја пренесе загриженоста на родителите. Но, истовремено требало и да ја информира јавноста и со официјални информации од соодветните државни органи за екстрадицискиот притвор на Илиевски.

    Според сајтот СДК: „Во решението на Основниот суд од Битола стои дека тие го прифатиле предлогот на Основното јавно обвинителство на Илиевски да му се суди во отсуство бидејќи тој не е во земјата, а постоеле важни причини да му се суди.

    Исто така Душко Илиевски Млекарот знаел дека ќе му се суди во отсуство, така што новинарот не морал толку емпатиски и субјективно да коментира.