Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деведесет отсто од младите во земјава сакаат да се иселат, а еден од факторите кој го поттикнува иселување е корупцијата, покажа истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика.
Лани, младинската невработеност била 28,3 проценти, но бил висок и процентот на сиромаштијата кај младите луѓе – 27,3 проценти или секој четврт млад човек во земјава се соочува со сиромаштија, пренесува сдк.мк.
„Најважно е да работиме на квалитет. Една третина од корисниците на социјална помош се млади. Немаме акциски план за тоа како да се гради квалитетен живот на младите луѓе во нашето општество. Ние можеме да обезбедиме супер вештини за идните професии за младите луѓе, меѓутоа, што ако младите луѓе немаат квалитетен живот. Сите ние како општество треба да си ставиме младите во фокусот, да работиме со младите заедно за младите, да ги слушаме младите и така ќе ги задржиме младите дома“, рече денес Билјана Стојческа од Младинскиот сојуз и истражувач на истражувањето за младинска невработеност.
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска кажа дека од разговорите со младите дошле до заклучок оти со новиот Закон за работни односи треба да се обезбедат нови форми на работа, а тоа се флексибилна работа – работа од дома и работа од далечина.