×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филипче: На средината на јули ќе започне теренската вакцинација

    28.06.2021 20:25 | KumanovoNews

    Од 15 до 20 јули ќе стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови, најави министерот за здравство Венко Филипче.

    Филипче: На средината на јули ќе започне теренската вакцинација

    Тој додаде дека во комуникација со матичните лекари, здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од пациентите се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите.

    Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини. Во моментов располагаме со доволен капацитет на вакцини, вклучувајќи ги новопристигнатите 500.000 дози на Синовак и 100.000 дози Фајзер. Веќе од утре кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани во сите центри низ државава, со што планирано е помеѓу 10.000-15.000 дози да се аплицираат како прва доза во следните две до три недели со што значително ќе се забрза процесот на имунизација и ќе се извакцинираат сите граѓани пријавени преку веб-страната vakcinacija.mk.

    „За да се прогласи крај на една епидемија треба два циклуси репродуктивни по 14 дена да нема дијагностицирано случаи и има некои предвидувања кај нас како тоа би можело да се случи, ако продолжат овие трендови. Тоа би се случило во месец август или можеби на почетокот на септември“, рече министерот.

    Со оглед на тоа што има многу малку новодијагностицирани случаи на 100.000 жители, во моментов таа бројка е под 10, односно сегашната епидемиолошка состојба е стабилна. Болниците се празни, а само мал број на пациенти се лекуваат на Инфективната Клиника. Но системот е подготвен да одговори со болнички капацитети и со се што би било потребно во случај на нов, непредвиден епидемиолошки бран.