×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР ќе вработи 600 нови полицајци - 40 во Куманово

    06.06.2022 10:20 | Сузана Николиќ

    Министерството за внатрешни работи (МВР) објави јавен оглас за вработување на 600 полицајци.

    МВР ќе вработи 600 нови полицајци - 40 во Куманово

     Најмногу, 100 полицајци ќе бидат примени во СВР Скопје, 70 во СВР Штип, 60 во СВР Тетово, 50 во Регионален центар за гранични работи Север, и по 40 во СВР Куманово, Струмица, Охрид, Битола, Велес, како и регионалените центри за гранични работи Запад, Југ и Исток.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи условида е државјанин на Република Северна Македонија, да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование, активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен, со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,  да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и да има положено тест за интегритет.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена), и висока лична физичка подготвеност.

    Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот  оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).