Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика ноќеска донесе одлука да ја намали цената на бензинот за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари, откако поминаа во Собранието законските измени за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата.
Со оваа промена, од вечерва на полноќ, цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 86,5 денари, додека на Еуросупер 98 ќе изнесува 88,5 денари. Цената на дизелот ќе биде 88 денари.
Цените на нафтата и нафтените деривати нагло пораснаа по руската инвазија на Украина.