×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре ќе се врши исплата на јануарската финансиска поддршка за пензионерите

    11.01.2023 16:49 | Сузана Николиќ

    Пензионерите утре ќе ја добијат на своите сметки, втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, која е во времетраење од четири месеци.

    Од утре ќе се врши исплата на јануарската финансиска поддршка за пензионерите

    „Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари“, соопшти Владата.

    Следува ново усогласување на пензиите за два месеца во оваа нова 2023 година, во месец март, според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%.

    „Оваа методологија, која  ја утврдивме заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери, работена според швајцарскиот модел, дава резултати на долг рок. Усогласувањето, според оваа методологија се врши два пати во годината, односно во март и во септември и ги следи промените во двата индекса за усогласување“, стои во соопштението.

    Во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, предвиден е трансфер од околу 30 милијарди денари кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за навремена исплата на пензиите и за усогласувањата предвидени со закон.