Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Влада донесени се неколку важни одлуки со кои ќе се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија и ублажување од растот на цените на струјата на светските берзи, со што ќе се овозможи стабилно и непречено функционирање на виталните институции.
Со новиот пакет мерки им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води да имаат поевтина струја.
„Ќе обезбедиме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи.
Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Со ваква одлука цените треба да се намалат за најмалку 10%“, кажа премиерот Димитар Ковачевски.
Помош има за основните и на средните јавни училишта, кои може да склучат договор за снабдување со ЕСМ Продажба, по цена од 95 евра по мегават/час.
„Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ, обезбедуваме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, со што ќе обезбедиме непречено функционирање, односно непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават/ час електрична енергија“, додаде Ковачевски.