Пописот ќе се спроведе и покрај опструкциите од опозицијата, тврдат од Владата
25.02.2021 08:23
| KumanovoNews
Пописот дефинитивно ќе се спроведе во месец април и покрај опструкциите од страна на опозицијата, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски.

„Пописот ѝ е неопходен на државата. Секој граѓанин треба да придонесе да се спроведе оваа значајна статистичка операција која ќе даде податоци важни за проектирање стратешки планови за натамошен развој на државата. Методологијата е дефинирана. Сите подготовки се во тек. Од први почнува пописот на нерезидентното население“, посочи Арсовски.