Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Паузата од половина час вработените во Македонски пошти денеска ја искористија за одржување на предупредувачки штрајк со барање да им бидат исплатени платите за септември.
Денеска тие само испратија порака дека си го бараат заработеното, а доколку не се исполнат условите ќе организираат и протест пред Владата. Времето за пауза беше темпирано да нема застој во работата и да не ги оштетуваат корисниците на услугите и нивните клиенти.
Синдикатот на Македонски пошти тврдат дека фирмата на сметка има 15 милиони денари, им фалат уште 50 за да се исплати целосната сума за 2000 вработени. Раководството се надева дека Владата ќе им излезе во пресрет за овие 50 милиони, во спротивно плата нема да има ни во наредниот период и подолготрајни протести се неизбежни.
Наредниот штрајк е веќе закажана за следната недела, за 29 октомври.