Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот Стево Пендаровски денеска на вакциналниот пункт во спортската сала на „Перо Наков“ во Куманово ја прими вакцината против ковид-19. Пендаровски се одлучи да се вакцинира надвор од Скопје, за да подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација.
„Термин за вакцинирање добив за вчера, меѓутоа бевме на еден службен пат кој беше одамна закажан, бевме и на регионален собир. Одлучив да се вакцинирам во друг град бидејќи има шпекулации, дезинформации наводно дека едни вакцини се даваат во Скопје, други вакцини се даваат во други градови. Затоа е добро да ја разбиеме таа шпекулација, мислам дека е добро и за другите, и за останатите што се на функција да го направат сличното. Јас сакам, на 8.06 кога треба да ја примам втората доза, истата да ја примам во некоја трета општина, мислам дека тоа е добро за да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат никаков сомнеж. Треба што побрзо да го направат тој чин затоа што е добро што побрзо да се вратиме во нормала и во приватните животи и во она што е професија“, рече меѓу другото Пендаровски.