×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се ближи крајот на пандемијата, вели СЗО

    15.09.2022 13:51 | KumanovoNews

    Крајот на пандемијата на ковид-19 е на повидок, објави Светската здравствена организација, откако неделниот број на смртни случаи во светот падна на најниско ниво од март 2020. Според податоците на СЗО од 5 септември, неделниот број починати од ковид-19 на светско ниво бил 11.118.

    Се ближи крајот на пандемијата, вели СЗО

    СЗО процени дека благодарение на ковид вакцините биле спречени 19,8 милиони смртни случаи во 2021. Низ светот биле дадени 12 милијарди дози.

    „Сепак, коронавирусот и натаму е причина за акутна глобална вонредна состојба. Во првите осум месеци од 2022 починале над милион луѓе од ковид-19“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, а пренесува сдк.мк.

    Тој вели дека светот никогаш не бил во подобра позиција да ја заврши пандемијата како сега.

    „Сè уште не е готово, но крајот се ближи. Маратонецот не запира кога ја гледа целната линија, туку трча уште посилно, со сета енергија што ја има. Така мораме и ние. Ја гледаме целната линија, во победничка позиција сме, но најлошо е ако сега запреме“, кажа Гебрејесус.

    Од почетокот на пандемијата, ковид-19 однесе 6,5 милиони животи, иако се верува дека реалните бројки се многу поголеми.