×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се подготвува закон за лицата без лични документи во државата

    25.06.2021 13:04 | KumanovoNews

    Се подготвува закон за лицата кои не се евидентирани во Матичната книга на родени, заради решавање на проблемите  со кои се соочуваат лицата без лични документи во државата.

    Се подготвува закон за лицата без лични документи во државата

    Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информираше дека ова министерство  е координатор на Работната група за подготовка на законот  и ја координира работата на Работната група задолжена за имплементација на законот.

    „Во текот на 2019 година беа  формирани мобилни тимови кои директно во ромските заедници ги идентификуваа лицата неевидентирани во Матична книга на родени. На терен биле идентификувани околу 650 лица без документи, а согласно последните податоци , барање за прв привремен извод поднеле околу 200 лица. Процесот на обезбедување на документи мора да продолжи, затоа што тоа значи и нивни влез во системот на социјална заштита и пристап до образование, здравство и  вработување“, истакна  Шахпаска по средбата со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР, Моника Сандри. 

    На средбата се разговарало токму за поредизвиците со кои се соочуваат лицата кои немаат лични документи, бегалците и мигрантите.

    Од страна на претставничката на УНХЦР, Моника Сандри беше изразена голема поддршка за заложбите и активностите на министерството, кои се во насока на евидентирање на лицата без документи, со цел остварување на нивните основни човекови права.