Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести. Одлуката е донесена на денешната седница на Комисијата и ќе биде доставена до Владата.
Од Комисијата велат дека сè уште не се размислува за укинување на сертификатите за влез во затворен простор, бидејќи тоа во моментов не го дозволува епидемиолошката состојба.
„Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот и имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор, може да предизвика поголема трансмисија на вирусот, затоа што сертификатот има своја тежина ги штитат они кои не можат да ги имаат, а не зборуваме за лажните“, рече портпаролот Злате Мехмедовиќ .
Комисијата смета дека не треба да укине ниту носењето на маски во училиштата.