×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стипендии „Борис Трајковски“ за Сити колеџот во Солун

    25.06.2021 13:16 | KumanovoNews

    Министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателот на државата Стево Пендаровски и претставници од Сити колеџот од Солун, којшто е европски кампус на британскиот Универзитет Јорк, денеска потпишаа протокол за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“.

    Стипендии „Борис Трајковски“ за Сити колеџот во Солун

    Со потпишувањето на овој протокол ја продолжуваме соработката со Сити колеџот во Солун, а со стипендиите „Борис Трајковски“, од годинава наменети за студирање на престижниот британски Универзитет Јорк, овозможуваме наши граѓани да се стекнат со диплома од еден од најдобрите универзитети во светот, истакна Царовска.

     Програмата се изучува на англиски јазик и нуди уникатни придобивки за учесниците, што ја прави една од најдобрите извршни МБА програми во регионот.

    Огласот за избор на стипендисти ќе биде објавен идната недела, а во текот на септември ќе бидат објавени добитниците на стипендиите.

    Универзитетот Јорк е рангиран на 16-то место во Велика Британија (Гардијан 2021), тој е 10-ти во Велика Британија за влијанието на истражувањето и е на 133-то место во светот во рангирањето на светските универзитети за 2021 според Тајмс. Дополнително, има освоено награда за Златен стандард во подучувањето „Gold Teaching Excellence Framework award (TEF)“.