×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса за нафтените деривати

    23.06.2021 19:03 | KumanovoNews

     Владата одлучи еколошка такса да изнесува 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива. Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието.

    Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса за нафтените деривати

    Владата на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина.

    „Со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати“, соопшти Владата.

    Како што велат од Владата, основна цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.