Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со новата концепција за образование, секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно. Изборни предмети од учебната 2021/2022 година се воведуваат и од четврто одделение. Изборни активности се од прво до трето, а изборни предмети, по два годишно, се од 4-9 одделение.
„Со новата концепција има повеќе изборни предмети. Ништо не укинуваме. Сега, во четири поглавја може да се обезбедат до три изборни предмети, што значи дека секое училиште треба да понуди 12 предмети годишно“, појаснува министерката за образование Мила Царовска.
Наставниците на изборните предмети, како што вели Царовска, ќе продолжат да работат, но и ќе треба да понудат добар наслов на предметот и интересна програма за да ги заинтересираат учениците да го изберат тој предмет.
„Многу ќе биде значајно наставниците да се посветат на предметите кои треба да бидат изборни затоа што тие треба да бидат најинтересни, а учениците со желба да одат на тие часови“, вели Царовска.
Учениците од помалите одделенија ќе донесуваат одлуки во консулатција со родителите, бирајќи ги изборните предмети согласно нивните афинитети, верувања, знаења.