Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерот Димитар Ковачевски најави усогласување на пензиите, но и дополнителна финансиска помош за пензионерите.
„Минималната плата ја постигнавме низ дијалог со сите заинтересирани страни, во дијалогот беа вклучени синдикатите и работодавците, а беа консултирани и стопанските комори. На ист начин ќе биде направена и новата методологија за пензиите која што ќе биде резултат на дијалог со здружението на пензионерите, односно на асоцијација на пензионерите. Тој дијалог ќе започне во петок оваа недела“, изјави Ковачевски.
Премиерот Ковачевски истакна дека, во година на економска криза предизвикана од енергетската европска криза, Владата веќе прави анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите.