Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најголем пораст на индексите на трошоците на животот според класификацијата на статистичкиот оддел на ОН (COICOP) во Македонија регистриран е кај храната и безалкохолните пијалоци (19,6%), транспортот (19,6%) и алкохолните пијалоци, тутунот и наркотиците (17,5%).
Во споредба со 2019 година, индивидуалната потрошувачка според намената во април годинава е зголемена за 14%.
Кумулатовниот раст на храната и безалкохолните пијалоци во проценти е 19,6%, истиот процент важи и за транспортот, растот на алкохолните пијалоци, тутунот и наркотицитее 17,5, на домувањето, водата, струјата, гас и други горива - 13%.
Цените на мбелот, покуќнината и одржувањето на покуќнинатаза овие три години се зголемени за 6,2%, здравјето за 7 %,, рекреација и култура 7,3 %, образование 0,6 %, ресторани и хотели 16,2 %, останати стоки и услуги 9,3 %. Негативни се процентите само за облеката и обувките, за -0,5%, и за комуникации -0,2%.
Класификацијата на индивидуалната потрошувачка според намената (COICOP) е развиена од одделот за статистика на Обединетите нации за да ги класифицира и анализира поединечните потрошувачки трошоци направени од домаќинствата.