×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

    10.02.2022 08:20 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот дека ризик за миокардитис и перикардитис постои кај млади мажи и тоа со проценета стапка од 148 случаи на милион администрирани втори дози

    Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“ Фото: pixabay.com

    Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се тврди дека американската Агенција за храна и лекови „отстранува докази” и дека „се брише документацијата за вакцината Модерна”.

    Датумот на објавување на овој пост е 7 февруари 2022 година и овој датум има големо значење за нашата проверка на фактите, за што ќе објасниме подолу во текстот.

    Во постот е поставен линк до веб-страницата Коловрт, до текст во кој се вели дека американската Агенција за храна и лекови од својата страница отстранила важен документ, каде што се објаснува зошто ја одобрила вакцината Модерна и дека „преку ноќ ја снемало оваа документација од веб страницата на Агенцијата”. Дополнително, се додава дека во оваа наводно отстранета документација, пишувало дека стапката на воспаленија на срцето по вакцинацијата со Модерна е поголема од онаа што Агенцијата ја утврдила во минатото.

    Меѓутоа, истиот ден кога е објавен овој текст, на веб страницата на американската Агенција за храна и лекови ФДА, Вистиномер провери дали фигурира и дали е објавен ваков извештај. Нашата проверка на фактите покажа дека овој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Истиот извештај може да го погледнете на следниот линк.

    На страницата 26 во извештајот, како што може да се прочита, има дел кој што се осврнува на миокардитис и перикардитис, состојби на воспаление на срцевиот мускул по вакцинација. Во објавениот извештај кој не е избришан, го пишува следното:

    Иако евалуацијата на несакани ефекти во датабазата за 30.346 лица не идентификуваше случаи на миокардитис кој што се случил по вакцинација, надзорот по авторизацијата за безбедноста на вакцината идентификуваше сериозни ризици од миокардитис и перикардитис, особено во периодот 7 дена после втората доза од Модерна вакцината. Опсервираниот ризик е повисок кај машки лица помлади од 40 години, отколку кај женски лица и други машки лица. Опсервираниот ризик е највисок кај мажи на возраст од 18 до 24 години. Во анализите на ВАЕРС кои ги добивме со пасивно набљудување, има стапка на пријавување од 40 случаи на 1 милион администрирани втори дози, кај мажи на возраст од 18 до 24 години. Мета анализата на ФДА процени стапка од 148 случаи на миокардитис и перикардитис на 1 милион машки индивидуи на возраст од 18 до 25 години, вакцинирани со две дози од примарната серија.

    Значи, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот дека ризик за миокардитис и перикардитис постои кај млади мажи и тоа со проценета стапка од 148 случаи на милион администрирани втори дози.

    Американската агенција за храна и лекови ФДА, базирано на овие сознанија, на страница број 27 во истиот извештај кој на денот кога Коловрт го објавува текстот што го рецензираме, пишува дека во нивната анализа, не е пресметан бројот на случаи на миокардитис кои би се случиле како резултат на болест од ковид-19, а кои што случаи на миокардитис би довеле до хоспитализации, примање на пациентите на интензивна нега или пак смртни случаи кога не би постоела ковид вакцина. 

    Анализата го поддржува фактот дека бенефитите од вакцината се поголеми од ризиците од миокардитис и перикардитис кај индивидуи постари од 18 години. Опсервираните ризици од миокардитис и перикардитис, ќе бидат вклучени во упатството за користење и ќе се продолжи со следење на безбедноста,пишува на страница 27 од Извештајот.

    Американската агенција за храна и лекови ФДА, на крајот на јануари 2022 година, даде одобрение за целосна употреба на вакцината на Модерна, исто како што тоа минатата година го направи со Фајзер. Претходно, вакцината на Модерна беше администрирана кај десетици милиони Американци.

    По повод одобрението за целосна употреба од Агенцијата за храна и лекови на САД на својата веб страница ја информираа јавноста дека вакцината на Модерна наречена Спајквакс, ги исполнува ригорозните стандарди на ФДА за безбедност, ефективност и производствен квалитет барани за да биде одобрена.

    Одобрението од ФДА за вакцината Спајквакс е значаен чекор во борбата против пандемијата, со што таа станува втората вакцина одобрена за да превенира ковид-19. Јавноста може да биде сигурна дека Спајквакс ги исполнува највисоките стандарди на ФДА за безбедност, ефективност и производствен квалитет, неопходни за било која вакцина да биде одобрена во Соединетите Американски Држави. Иако стотици милиони дози од вакцината на Модерна досега беа администрирани под одобрението за итна употреба, разбираме дека за некои индивидуи, одобрението за цеосна употреба од ФДА може да влее дополнителна доверба кога ќе ја носат одлуката дали ќе се вакцинираат, речеЏенет Вудсток од ФДА.

    Освен тоа, на веб страницата на ФДА се објавени десетици документи за процесот на одобрување на вакцината Модерна.

    Поради горенаведените факти оценуваме дека не е вистина дека американската Агенција за храна и лекови брише документи за вакцината Модерна. Дотолку повеќе што дента кога е објавен текстот на ве-страницата Коловрт со придружната Фејсбук објава, Вистиномер веднаш успеа да го пронајде документот на официјалната страница на ФДА.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар