Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Постот со објавена фотографија на отечена нога со плускавец, наводно, како резултат на примена трета доза од вакцината „Фајзер“ против ковид-19, е паушален и има за цел да ги изманипулира корисниците на социјалните мрежи дека споменатата вакцина е опасна. Од МАЛМЕД велат дека има пријави за сомнеж за несакани реакции кои претежно имаат лесна симптоматолгоија, но, кај нив досега нема пријава за појава на оток со плускавец по примена трета доза вакцина
Рецензираме пост на Фејсбук кој се споделува без конкретни и аргументирани информации за нејзината вистинитост. Објавата се состои од фотографија на која се гледа отечена нога со плускавец, наводно по примена трета доза вакцина од „Фајзер“. Ниту се споменува кога и каде се случило наводното вакцинирање, колкава е временската разлика меѓу тоа вакцинирање и ова што м усе случува на пациентот, ниту, пак, дали лицето евентуално имало и други болести. Единствено се апелира граѓаните да не се вакцинираат оти лицето на фотографијата не можело да оди.
Фајзер сатанистичка вакцина
Луге размислите добро ?
Неможам да одам ви се молам споделете масовно да не примат 3 та вакцина телото ми е катастрофа од вакцинава неможам да се опоравам ви се молам чувајјте ги фамилиите немојте да примате вакцинација, стои во објавата.
Министерството за здравство одамна објави дека вакцините се безбедни и ефикасни и дека штитаат потешки компликации предизвикани од ковид-19. Во објаснувањето за вакцината на производителот „Фајзер“, како најчести несакани последици се јавуваат оток на местото на инјектирање, замор, главоболка, треска, пролив и покачена телесна температура, кои траат најчесто еден до два дена. Во упатството е напишано дека можни се и ретки несакани последици, како што се оток или појава алергиска реакција. Оваа вакцина може да даде и алергиска реакција и не треба да се администрира на лица алергични на полиетилен гликол (PEG) или сродни молекули, бидејќи PEG е една од состојките. Несаканите ефекти се благи и краткотрајни.
Ретки несакани дејства: може да влијае на најмногу 1 од 1.000 лица и тоа привремена слабост на едната страна од лицето и алергиски реакции како што се уртики или оток на лице, стои во упатството за употреба на вакцината „Фајзер“ објавено од Минситерството за здравство, каде пишува дека ваквите несакани последици треба да се пријават кај матичниот лекар или во Агенцијата за лекови и медицински средства.
Од МAЛМЕД деновиве (06.12.2021) соопштија дека до нив има пристигато 231 реакција за несакани последици од примена доза на вакцина против ковид-19.
Но, кај нив досега нема пријава за појава на оток со плускавец по примена трета доза вакцина. Оттаму велат дека има пријави за сомнеж за несакани реакции кои претежно имаат лесна симптоматолгоија.
До Агенцијата за лекови и медицински средства од почеток на вакцинацијата со трета доза против ковид- 19, па се до денес, пристигнати се неколку пријави за сомнеж на несакана реакција од вакцината. Најчесто се пријавени несакани реакции со лесна симптоматологија како болка на местото на апликација, замор, болка во мускули, покачена телесна температура, артралгија, главоболка и болка во екстремитети, соопштуваат за „Вистиномер“ од МАЛМЕД
Од ова институција апелираат до лицата кои примат вакцина, во случај на какви било несакани реакции по аплицирањето да се обратат кај нивинот лекар или фармацевт, бидејќи тие ќе им дадат стручен совет за понатамошна примена на лекот за кој се сомневаат дека им ја предизвикал несаканата реакција, или пак, случајот да го пријават Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства
Паралелно со ова, на истиот Фејсбук профил објавени се и други фотографии со кожни реакции, наводно после примена трета доза од вакцината Фајзер во земјава. Но, ако се провери, може да се утврди дека дел од фотографиите со кожни реакции се пред почетокот на пандемијата, што значи дека не се резултат на примена трета доза вакцина. Словенскиот портал Аура уште во 2017 има објавено една од спорните фотографии објаснувајки дека станува збро за кожни пореметувања како резултат на Неврокутаниот синдром (NCS). Станува збор за болест предизвикана од изложеност на организмот на жива од амалгамски пломби во стоматологијата.
Имајки во предвид дека постот е паушален без конретни податоци, фактот дека во МАЛМЕД нема пријавено таков случај на несакана последица, а дел од фотографиите се пред почетокот на пандемијата, постот го оценуваме како невистинит кој има за цел да предизвика страв кај граѓаните да не се имунизираат
Инаку, „Фајзер“ во соработка со „Бионтек“ во 2018 година развија мРНК вакцина за спречување свински грип. Подоцна вакцината на база на мРНК технологија произведена од „Фајзер“ и „Бионтек“ стана првата вакцина против ковид-19 што доби одобрение за употреба од Светската здравствена организација (СЗО) на 31 декември 2020 година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар