×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вакцинираните не го пренесуваат вирусот повеќе од невакцинираните

    14.12.2021 08:49 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Вакцинираните можат да заболат или да го пренесат коронавирусот, но тие не се главни преносители на болеста, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Постот се повикува на видео изјава на претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, којашто е извадена од контекст. Во видеопорака објавена на 24 ноември 2021 година на Твитер, претседателот Гебрејсус укажува дека вакцините спасуваат животи, но и дека не ја спречуваат целосно трансмисијата на вирусот, заради што апелира и понатаму да се почитуваат здравствените протоколи и превентивни мерки за заштита. Но, тој ниту во еден момент не тврди дека вакцините не штитат и дека вакцинираните се главни трансмитери на заразата

     

    Вакцинираните не го пренесуваат вирусот повеќе од невакцинираните

    Објава на Фејсбук манипулира со изјавата на претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус,објавена на неговиот твитер профил, инсинуирајќи дека вакцинираните лица се главни преносители на ковид-19 и дека тие ја шират заразата. Изјавата е извадена од контекст со намера да се прикаже дека вакцините се неефикасни во справувањето со корона вирусот, а вакциналните сертификати бесмислени, што не е точно.

    Шефот на СЗО Тедрос: ВА*ЦИНИРАНИТЕ лица ја пренесуваат заразата и мораат да ВНИМАВААТ ДА НЕ ГИ ЗАРАЗАТ ДРУГИТЕ!!! Која е СМИСЛАТА на СЕРТИФИКАТИТЕ?, стои во објавата.

    За да се постигне засилувачки ефект, авторот наведува и линк до објавен текст  во кој се изнесени неосновани коментари и паушална и неточна интерпретација на изјавата на првиот човек на СЗО, што може да се види и од споделеното видео  во рамки на самиот напис.

    Во видеопорака од 1,48 минути, објавена на 24 ноември 2021 година на Твитер, претседателот Гебрејсус укажува дека вакцините спасуваат животи, но и дека не ја спречуваат целосно трансмисијата на вирусот, заради што апелира и понатаму да се почитуваат здравствените протоколи и превентивни мерки за заштита. Но, ниту во еден момент тој не тврди дека вакцините не штитат и дека вакцинираните се главни трансмитери на заразата.

    Ние сме загрижени за лажното чувство на сигурност дека вакцините ставија крај на ковид-19 пандемијата  и дека луѓето кои се вакцинирани не треба да преземат други мерки на претпазливост. Вакцините спасуваат животи, но тие не го спречуваат целосно преносот. Податоците укажуваат на тоа дека пред појавувањето на  делта варијантата, вакцините ја намалуваа трансмисијата за околу 60 отсто. Со делта, процентот падна на околу 40 отсто, наведува на почетокот од своето видео обраќање претседателот на СЗО.

    Од ова јасно се заклучува дека Гебрејсус укажува на влијанието на вакцините врз намалена трансмисија на корона вирусот, но и предупредува дека вакцинираните, иако имаат многу помал ризик од тешка болест и смрт, сè уште се изложени на ризик да бидат заразени и да ги заразат другите.

    Не можеме да го кажеме ова доволно јасно: дури и ако сте вакцинирани, продолжете да преземате мерки на претпазливост за да спречите да се заразите и да заразите некој друг, кој би можел да умре. Тоа значи носење маска, одржување на растојание, избегнување толпа,  средби со други надвор или во добро проветрени простори внатре. Продолжуваме да ги повикуваме сите влади да спроведуваат сеопфатен и прилагоден пристап на јавното здравје и социјалните мерки за спречување на трансмисија, да ги искористат здравствените системи и да спасат животите. Од витално значење е земјите да обезбедат потребна  клиничката грижа за пациентите што порано. Тоа се однесува на сите земји, во сите ситуации, апелира на крајот шефот на СЗО.

    Очигледно е дека овде нема место за манипулативна интерпретација со која се спинува дека вакцинираните се главната закана за трансмисија на вирусот, изоставувајќи ги невакцинираните кои се изложени на многу поголем ризик.

    Тоа го покажуваат и најновите студии според кои помала е веројатноста вакцинираните да се трансмитери на вирусот.

    Британските научници од Оксфорд  во својата најнова студија, која е оценета како најквалитетна во однос на инфективноста на вакцинираните од делта сојот, заклучиле дека „АстраЗенека“ и „Фајзер“ го намалиле преносот на вирусот, иако биле поефикасни против алфа наспроти делта сојот. Според истражувањето на влијанието на делта варијантата,  65 отсто се помали шансите од позитивен тест кај лицата кои биле изложени на контакт со лице вакцинирано со две дози на „Фајзер“ или 36 отсто помалку во случај на вакциниран со „АстраЗенека“. Ризикот од пренос na пробивна инфекција бил многу поголем ако некој добил само една доза од вакцина, пренесува NBC News.

    Дури и други студии, кои наведуваат дека вакцинираните и невакцинираните можеби на почетокот на заразата имаат исто вирусно оптоварување и слично ја пренесуваат инфекцијата, сепак укажуваат дека вирусот и преносот траат многу пократко време кај имунизираните и имаат многу поблага клиничка слика во однос на невакцинираните. Со тоа и нивната можност за пренесување на заразата е намалена, во однос на невакцинираните кај кои вирусот се задржува подолго.

    Според најновата студија во Обединетото Кралство, објавена во журналот The Lancet Infectous Diseases , контактите со инфициран во вакцинираните семејства биле причина за 25 отто на заразување, за разлика  од  невакцинираните домаќинствата каде 38 отсто добиле инфекција од делта сојот.

    Овие резултати ја поткрепуваат клучната порака дека контактите помеѓу  вакцинираните  се подобро заштитени од невакцинираните, вели д-р Анелис Вилдер-Смит, член на Комисијата “Лансет” за ковид-19 и консултант на СЗО.

    Ефикасноста на вакцинацијата е потврдена и со новата студија на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), во која се  проценува дека 470. 000 животи се спасени кај лицата на возраст од 60 години и повеќе од почетокот на  вакцинацијата, и тоа во 33 земји од целиот европски регион. Уште позначајно е што оваа проценка не вклучува животи спасени со вакцинирање на лица под 60 години, ниту спасени луѓе од индиректниот ефект на вакцинација поради намалување на преносот.

    Затоа, оценуваме дека на Фејсбук објавата што ја рецензираме ѝ недостасува контекст. Точно е дека вакцинираните можат да се заразат и да го пренесат вирусот ковид-19, како што вели  претседателот на СЗО Гебрејсус, но тој никаде не тврди дека вакцинираните се главна опасност за ширење на заразата. Напротив, тој повикува луѓето да се вакцинираат за да се постигне поголема ефикасност во спречувањето на болеста, за што е потребно и да се продолжи и со превентивните мерки, заради намалување на трансмисијата.

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар