×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вакцините не се причина коронавирусот да мутира и лага е дека луѓето се разболуваат од вакцините

    12.01.2022 12:29 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Вакцините не предизвикуваат да се разболите со коронавирусот, бидејќи ниту една одобрена вакцина не содржи активен вирус. Напротив, вакцината против ковид-19 ги заштитуваат граѓаните од тешка форма на болеста и ја намалува хоспитализацијата и смртноста

    Вакцините не се причина коронавирусот да мутира и лага е дека луѓето се разболуваат од вакцините

    Пост на Фејсбук шири невистини дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат мутации на вирусот и дека тие се причина за зголемениот број заболени во светот. Ова не е точно.

    Дирекно од Италија, позитивни се боцканите и тоа посебно оние со 2 дози, како што вели човекот нема потреба од коментар се е очигледно, исто имам инфо дирекно од болница во Данска многу позитивни, а избоцкани преку 90%, се е затворено таму, луѓето се измамени, во Израел ги лажеа дека ќе примат по една боцка и се ќе биде како порано, но и 4 та и воведуваат, се потврдува тоа што го тврдев пред повеќе од 1 година, дека после боцкање ќе има многу позитивни и мутации кај што ќе има најмногу боцкање, и дека колективен имунитет неможе да се создаде со боцки. Имам многу инфо, но ова е доволно, последниве месеци бев многу пати блокиран и добивав забрани, затоа за некој ден ќе објавам целосно долго инфо од почеток на Пландемијата со коментари за да не добијам пак блок пак. Има многу лаги, но вистината е секогаш една, се вели во постот што го рецензираме.

    Постот е придружен со видео на кое се гледа човек како прикажува, наводно, позитивни тестови на коронавирус, посочувајќи дека поголемиот дел од нив се примероци од вакцинирани лица со две дози. За ваквите тврдења нема никакви докази, ниту, пак, е јасно кој е човекот, од каде е и дали тестовите кои наводно ги прикажува навистина се позитивни тестови направени на луѓе вакцинирани со две дози. Тоа што брои на италијански не значи ништо, а уште помалку значи дека треба да се генерализира дека вакцинираните со две дози во Италија се позитивни. Понатаму, постот посочува дека во Данска имало многу позитивни, а преку 90 отсто биле вакцинирани. Колку е тоа многу позитивни не е посочено, не е дадена никаква статистика. Но, во Данска не се вакцинирани преку 90 отсто, туку приближно 80 отсто од населението.

    Постот продолжува со тврдење дека вакцините се причина за мутациите на ковид-19 и за зголемениот број позитивни случаи во светот. Ова е лага. Причина за зголемениот број нови позитивни случаи е варијантата омикрон на коронавирусот која рапидно се шири и успешно го заобиколува природниот и вакциналниот имунитет. Омикрон се појави во Јужна Африка каде има младо население и веќе стекнат имунитет од претходната инфекција со ковид или од вакцинација, иако таму вакциналниот опфат е многу низок, 26 проценти од сите граѓани примиле две дози од вакцината.

    Вакцините не предизвикуваат да се разболите со коронавирусот, бидејќи ниту една одобрена вакцина не содржи активен вирус. Напротив, вакцината против ковид-19 ги заштитува граѓаните од тешка форма на болеста и ја намалува хоспитализацијата и смртноста.

    Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19, пишува на официјалната страница на Министерството за здравство наменета за разбивање на митовите околу вакцинацијата.

    Дека вакцината не заразува со ковид-19, туку го учи нашиот имунолошки систем како да го препознае и да се бори против вирусот тврди и Центарот за контрола и превенција на болести на САД.

    Скандалозно е да се тврди дека самата вакцина, односно вакцинираните луѓе, се причината поради која вирусот мутира. Проверувачите на факти на „Ројтерс“ го дебанкираа ова тврдење и го оценија како невистинито.

    Првиот факт е дека коронавирусот почна да мутира уште пред да почне вакцинацијата. На 20 декември 2020 година, постоеле барем 7 варијанти, односно мутации на вирусот, а вакцинацијата тогаш не ни беше почната.

    На почетокот на пандемијата само мал број лаборатории го секвенционираа вирусот од инфекциите, но на крајот од 2020 година се зголемија програмите за набљудување. Ефективно, сега слушаме толку многу повеќе за варијантите во 2021 година, зашто глобално сега имаме систем за конзистентно детектирање и следење на мутациите, изјави Џенер Гриер, професор на универзитетот за имунологија во Северна Каролина за „Ројтерс“.

    Според неа, вакцините не придонесуваат вирусот да мутира.

    Мутации на вирусот се случуваат кога вирусот се размножува во клетката. Ниедна вакцина која што се администрира, не содржи жив вирус, така што тие не можат да се причина за варијантите. Вакцините го намалуваат ризикот за инфекција, а со помалку инфекции има помало реплицирање на вирусот и шанса тој да се промени и да создаде нови варијанти, рече таа.

    Според некои извори, вирусот мутира поради невакцинираните!

    Една од клучните карактеристики на коронавирусот е спајк протеинот кој дозволува вирусот да се закачи на домаќин клетка и да предизвика инфекција. Тој спајк протеин е она на коешто цели вакцината, за да го блокира вирусот. Кај невакцинираните, вирусот влегува во клетката и ја претвора во фабрика. Тогаш вирусот се реплицира илјадниципати. Ако има грешка во копирањето, тогаш научниците тоа го нарекуваат мутација.

    Факт е дека вакцината штити од разболување со коронавирусот и од тешки хоспитализации и смртен исход, а тоа го покажува и статистиката во Македонија. Како што објави Министерството за здравство, во период од 6 август заклучно со 23 декември, на територија на државата од 66.857 граѓанини позитивни на ковид-19, 33 отсто биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица. Голем бил бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19.

    Според статистиката, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои биле невакцинирани изнесува 85 отсто, додека само 15 отсто од сите хоспитализирани пациенти во тој период биле целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 06.08.2021 до 23.12.2021 на територија на државата починале 2.362 лица со ковид-19, 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

    Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, апелираат од МЗ.

    Па, имајќи ја предвид оваа аргументација оценуваме дека постот што го реценцираме ја дезинформира јавноста дека вакцините се причина коронавирусот да мутира и неточно тврди дека луѓето се разболуваат од вакцините.

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар