Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одрони од карпи предизвикани од обилните врнежи го блокираа магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај „Ругинска кривина“ во село Ругинце.
Двете коловозни ленти се непроодни, а целокупниот сообраќај се пренасочува по алтернативна делница, односно по стариот пат Куманово -Крива Паланка.
Сообраќајот на магистралниот пат А2 е во прекин повеќе од 2 часа, а екипи на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта "Македонија пат" се на терен и работат на расчистување на оваа делница.
„Механизацијата работи интензивно, но делницата се уште не е оспособена за сообраќај“, информира раководителот на секцијата на "Македонија пат", Крива Паланка, Боби Димитровски.
Сите патнички и товарни моторни возила, се пренасочуваат по стариот пат со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи и вработените во ЈП "Македонија пат".