Десет пожари за еден ден, земјоделците палат стрништа во нивите
10.03.2025 11:54
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден пријавени се 10 пожари на отворено, кога горела сува трева.
Најголем дел од пожарите се предизвикани од палење на стрништа и отпад што го собираат змјоделците додека ги чистат нивите.
Осум од пожарите се на територијата на кумановско, и два во старонагоричкиот регион.
На првиот пожар е интервенирано од 10:55 до 12:50 во с.Орашац на опожарена сува трева и трска, вториот во с. Табановце од 13:00 до 14:15 часот. Потоа во селата Бељаковце, Доброшане, Черкезе, а опожарено електично броило и бандера имало во с.Долно Којнаре.
Во Старо Нагоричане имало пожар во с.Ругинце и во Сув Орах на опожарена сува трева од 17:40 до 20:00 часот.
Пожарникарите ги повикуваат граѓаните да не палат стрништа, бидејќи тоа е казниво со закон.

