Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пожар во дискотека во Кочани ноќеска загинале најмалку 30 млади луѓе, а стотици се повредени.
Според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи над 100 млади луѓе се повредени, а најмалку 30 лица загинале во пожарот.
Се претпоставува дека до пожарот дошло поради употреба на пиротехнички средства ноќеска во 3 часот. Во болницата во Кочани се примени повеќе повредени лица.
Противпожарни екипи од сите градови во источна Македонија се на терен, а пациенти се носат и во околните градови, и во Штип и Скопје.
„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, соопшти Јавното обвинителство.