ДИК го одреди редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња
Државната изборна комисија (ДИК) денеска со жрепка го утврди редоследот на единствената листа на кандидати за локалните избори 2025.

Поделена е во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед.
Прва на гласачкото ливче од партиите и коалициите ќе биде Искуство за успех, под број два Движење ЗНАМ - За наша Македонија, трета Демократска Партија на Србите во Македонија (ДПСМ), четврта Национална алијанса за интеграција- НАИ-ДУИ, петта е Коалиција за локални избори 2025-СДСМ, шеста Левица, седма Коалиција ВЛЕН, осма Коалиција -За зелена иднина, а девета е Коалиција-Твоја Македонија-ВМРО ДПМНЕ.
Под броевите од 10 до 33 се подносители на листи на политички партии кои не се дел од парламентарниот состав.
Бошњачки Демократски Сојуз го извлече бројот-18, ВМРО Народна Партија-ВМРО НП-21, Движење за национално единство на Турците ДНЕТ-23, Демократи Скопје-29, Демократска Партија на Ромите-10, Демократска партија на Турците во Македонија ДПТМ-14, Демократски Сили на Ромите-24, Демократски Сојуз-19, Единствена Македонија-12, МААК-28, Македонска Ера трета/Македонски независни листи/суверенисти-32, Партија за движење на Турците во Македонија-15, Партијата за обединети демократи на Македонија ПОДЕМ-26, Партија на пензионери-13, Граѓанска иницијатива ГРИН-25, Десница-31, Македонски концепт-22, Работничка партија-20, Родина Македонија-30, Сојуз на Роми-11, Српска странка во Македонија-16, ТВОЈА партија-27, Трајно македонско радикално обединување-33, Унија на Роми-17.
Во третиот дел се подносители на листа група избирачи за кандидати за градоначалници и кандидати за носители на листа за членови на совет од 34 до 153.
Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.